Објавено на:

Путин им посака брзо оздравување на повредените

t

Рускиот претседател Владимир Путин им посака брзо оздравување на сите повредени во терористичкиот напад во „Crocus City Hall“ и го пофали ангажманот на медицинскиот персонал, изјави руската вицепремиерка Татјана Голикова.

Голикова изјави за новинарите дека претставници на руската влада, вклучително и министерот за здравство Михаил Мурашко, го информирале Путин за здравствената состојба на повредените, на кои претседателот им посакал оздравување, пренесе ТАСС.

Најмалку 60 лица, меѓу кои три деца, загинаа во терористичкиот напад на „Crocus City Hall“, покажуваат податоците на Министерството за здравство на Московскиот регион, пренесува РИА Новости.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…

Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…

Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?

Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…

Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…

Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…

„Вината за Кочани е во врвот на…

„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…

Тошковски: Ја намаливме стапката на криминал во…

Панче Тошковски, министер за внатрешни работи, во…