Али Ахмети го проширува Европскиот фронт со Мендух Тачи и со Аријанит Хоџа

t

Лидерот на ДУИ Али Ахмети го проширува европскиот фронт. По договорот со Зејд Реџепи и неговото Народно Движење, во понеделник според  информации на ТВ 21 Ахмети во Тетово ќе потпише договор со Мендух Тачи и Аријанит Хоџа.

ТВ21 пред неколку денови информираше дека после недоразбирањата меѓу Ахмети и Хоџа во средата, сепак е постигнат договор. Хоџа ќе биде на единаесета позиција во 6. изборна единица, додека неговиот сопратијец, актуелен пратеник Бастри Бајрами ќе биде петти во втората изборна единица.
Тачи ќе има добитна позиција во шестата изборна единица. Според  информации на ТВ 21 тој ќе биде 4-ти или 5-ти на листа.

Потпишувањето ќе биде во 12 часот во понеделник во Домот на културата во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Захарова: Состојбата на фронтот е монструозна и…

Состојбата на фронтот за украинскиот претседател Володимир…

Ахмети за ТВ21 по состанокот со Таравари:…

Во просториите на општина Гостивар попладнево се…

Најкорумпираниот функционер на ДУИ, Беким Мемети ги…

Беким Мемеди е единствениот албански шериф во…

Ахмети – Лудва: Уставните измени се многу…

 Скрининг процесот, уставните измени, европската интеграција и…

Толку од офанзивата, Украина се спрема за…

Украинскиот премиер Денис Шмигал изјави дека Украина…