Филипче: И како лекар, и како пратеник мисија ми е да помагам на луѓето
Неврохирургот и поранешен министер за здравство Венко Филипче се враќа во политиката. Тој е носител на листа на СДСМ и Коалицијата во Изборна единица 4.
Филипче најавува дека граѓаните ќе биде во негов прв план, без разлика дали е лекар или пратеник ќе се бори за нивните интереси.
„Без разлика дали сум доктор или пратеник, мојата мисија е да им помагам на луѓето. Оваа вредност секогаш ме водела и ќе ме води во животот. Останувам посветен на моите пациенти како доктор, но како иден пратеник ќе имам можност да приднесам во креирање политики кои ќе имаат широко влијание во здравството и во другите области кои се важни за граѓаните“-напиша Филипче на својот Фејсбук профил.
Филипче е уверен дека со посветеност и соработка заедно со граѓаните може да се направат значајни промени.
„На овој пат, јас ги вложувам моето искуство и интегритет и се обврзувам дека ќе бидам достапен за сите граѓани. Живееме во време на неизвесност и само со емпатија и грижа еден за друг можеме да ја трансформираме неизвесноста во надеж, а стравот во храброст. Како иден пратеник ќе ги застапувам интересите, не само на граѓаните од ИЕ 4 што ќе ја предводам, туку и на граѓаните од целата држава. Уверен сум дека со посветеност и соработка ќе направиме значајни промени кои ќе го подобрат животот на сите мои сограѓани. СДСМ и коалицијата се вистинскиот и единствен избор за сигурна иднина и убеден сум дека вие граѓаните ќе го направите вистинскиот избор“- пишува Филипче.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес попладнево во Македонија, епицентарот на 13…
Земјотрес со магнитуда од 2,2 степени е…
Мицкоски до жителите на Брвеница: Мојата порака…
Говорејќи им на пратениците од опозицијата во…
Ле Риголер: Правдата мора да се задоволи…
Речиси еден месец откако Ива Михајлова побегна…
Мицкоски: Оваа Влада интервенираше за да имаме…
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, на денешната…
Бланар: Словачка е против какви било двојни…
-Ние не можеме да прифатиме дека во…