Објавено на:

Какаото поскапo и од бакарот, се продава за повеќе од 9.000 долари

t

Какаото на њујоршката берза за еден ден поскапе за повеќе од 700 долари за тон и неговата цена надмина 9.000 долари за тон, па поскапе од бакарот.

Како што пренесува Блумберг, фјучерсите на какаото во Њујорк дополнително се зголемија по веста за финансиски проблеми во Гана, вториот најголем светски производител на споменатата суровина.

Какаото само овој месец поскапе за околу 60 отсто, а цените годинава се зголемени повеќе од двојно поради лошите временски услови и болестите на земјоделските култури.

Трговците се загрижени за последиците од климатскиот феномен Ел Нињо, кој предизвикува суши во Западна Африка, област каде што се произведуваат 75 отсто од оваа суровина, клучна за производство на чоколадо.

Какаото се произведува првенствено во Гана и Брегот на Слоновата Коска.

Велигденските чоколадни јајца веќе поскапеа поради повисоките трошоци за какао, а некои производители ја намалуваат големината на слатките или промовираат задоволства со други состојки за да го ублажат поскапувањето, пренесува Yahoo Finance.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОЈО потврди: Уапсено е лицето од Народна…

Уапсен вработениот во Народна Банка за кого…

Тројца лишени од слобода за разбојништво во…

На 19.06.2025 на подрачјето на Гази Баба,…

Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда

Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…

Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…

Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…