Аларм на Чаир, но и кај други екипи!? Ексклузивно: Полициска акција утрово во Скопје, се чешла документација поврзана со наместени фудбалски натпревари!

t

Утрово голема и координирана акција предводена од Министерството за внатрешни работи, со поддршка на Јавното обвинителство за сузбивање криминал со наместени натпревари во професионалните лиги. Според неофицијални информации до кои дојде Скопје Инфо од вработени во Фудбалската федерација на Македонија, припадници на МВР во текот на денешниот ден влегле во просториите на федерацијата со цел прибирање на информации за клубови, натпревари и официјални лица.

По добиени информации и препораки од „Спортрадар“, министерството за внатрешни работи е во интензивна акција за сузбивање на криминалот во фудбалот околу наместените натпревари. „Спортрадар“ е тело на Интерпол и УЕФА чија цел е борбата против наместени натпревари, а вакви акции со години се случуваа во многу земји од регионот но никогаш во Македонија.

Согласно информациите до кои дојде Скопје Инфо во истрагата се опфатени клубовите Шкупи, Македонија Ѓ.П, Воска, Академија Пандев (Брера), Силекс, како и второлигашите Победа, Арсими. Станува збор за натпревари кои се одиграни во Македонија и домашните натпреварувања оваа и минатата година.

Пред шест години единаесет лица беа уапсени во меѓународната полициска акција на Словенија, Хрватска и Еуропол насочена против корупцијата во спортот. Слична ваква акција беше спроведена лани во соседна Србија, по чие завршување неколку клубови беа исфрлени од првата лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Toшковски го пофали обвинителството: Обвинението пристигнало во…

Претседателот на кочанскиот суд, Спиро Борисов, во…

(Видео) Пеката од ВМРО-ДПМНЕ како студент имал…

Во најавената епизода на „На кавга со…

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…