Објавено на:

Aко го осови скудетото Инзаги ќе добие нов договор

t

Тренерот на Интер, Симоне Инзаги наскоро би требало да потпише нов договор со клубот, пренесуваат италијанските медиуми.

Интер игра одлично сезонава, во поголемиот дел од сезоната е лидер во италијанското првенство и само прашање на време е кога математички ќе ја обезбеди титулата, па нов договор за тренерот е само логичен редослед на настаните.

Неговиот актуелен договор истекува во јуни 2025 година, клубот сака да му обезбеди подолг престој, па ќе му понуди продолжување до 2027 година.

Симоне пристигна во клубот од Милано во 2021 година по неговиот ангажман во Лацио.

Оттогаш, тој освои вкупно пет трофеи – два Купа на Италија и три италијански Суперкупа.

Минатата сезона го предводеше Интер до финалето на Лигата на шампионите каде загуби од Манчестер Сити, а оваа сезона како што стојат работите ќе го освои првото Скудето

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…