(Видео) Урнебесен гаф на либанскиот премиер: По грешка избакна друга жена мислејќи дека е Мелони
Либанскиот премиер Наџиб Микати, по грешка избакна член на делегацијата на италијанската премиерка Џорџа Мелони, наместо неа.
Микати на пистата на аеродромот во Бејрут ја чекал италијанската премиерка да излезе од авионот. Но, прво излегла друга жена, член на италијанската делегација, а Микати застана пред неа и потоа срдечно ја бакна во двата образа мислејќи дека тоа е Мелони.
Шефот на либанската влада веднаш бил дискретно информиран дека наместо Мелони ја поздравил нејзината лична асистентка Патриција Скурти, а како олеснителна околност може да се земе податокот дека тие двајца личат.
Мелони излета од авионот неколку моменти подоцна, а Микати ја поздрави со ракување и бакнеж на секој образ.
Италијанска делегација го посети Бејрут во средата во услови на тековен прекуграничен конфликт на јужната граница на Либан меѓу израелските сили и либанската милитантна група Хезболах.
– Мелони даде јасна порака во врска со потребата да се избегне каков било ризик од ескалација долж границата со Израел – соопштија од нејзиниот кабинет.
Мелони го посети и италијанскиот одред во мировната мисија на ОН во јужен Либан.
Микати ја повтори својата осуда за израелскиот напад врз јужен Либан во кој загинаа седум болничари.
Албанскиот премиер Еди Рама, да потсетиме, со денови ги полнеше колумните на локалните и странските медиуми откако се појави шокантно видео на кое се гледа како се бакнува со премиерката на Италија, Џорџа Мелони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зеленски: Поддршката од Русија за Иран ја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вели дека одбраната…
Украинската армија доби нов командант
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…
Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…
Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…
ПДПР со демант и објаснување на денешниот…
Реакција и демант По повод видеото што…
Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…
*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…