Македонски државјанин фатен на Косово со фалсификувани 96.000 долари

t

Косовската полиција уапсила македонски државјанин кој со себе имал фалсификувани 96.000 американски долари. Како што информираат од косовската Управа за истраги за економски криминал и корупција, поточно Секторот за истрага на економски криминал, на 29.03.2024 година во вечерните часови во соработка со други безбедносни институции, успешно го реализирале Оперативниот план за спречување на влез во Република Косово на фалсификувани пари.

-Осомничениот македонски државјанин И. Д. (1970 година) е фатен на дело при обид да ги пушти во оптек 96-те илјади американски долари, за кои постои сомнение дека се фалсификувани. На приведениот му е одреден притвор од 48 часа, порачаа косовските власти.

Во полициската акција се одземени 960 банкноти од по 100 долари, возило што го користел осомничениот во случајот и мобилен телефон.

-Сите истражни дејствија се преземаат во координација со обвинител од Специјалното обвинителство на Косово. Со осомничениот е извршен разговор во присуство на бранител определен по службена должност, соопштија од косовското МВР.

Со решение на обвинител, осомничениот е во притвор во траење од 48 часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…

Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…

Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…

Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…

Рација на косовската полиција во филијалите на…

Косовската полиција изврши рација во филијалите на…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…

Фејсбук „војна“ меѓу Пацоли и советникот на…

Пацоли во саботата рече дека шефот на…