Косово ќе ја тужи Србија за злосторства извршени за време на војната
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека Косово се подготвува да ја тужи Србија „за злосторства извршени за време на војната во Косово“, пренесува „Газета Експрес“.
„Во тек се подготовки за обвинение против Србија како земја одговорна за злосторствата извршени за време на војната во Косово, како што се злосторства против човештвото и геноцид“, рекол Курти при оддавањето почит на членовите на семејството Мулиќи.
Курти го повикал тамошното државно обвинителство да се ангажира „деноноќно и максимално“ за одговорните за смртта на жртвите да бидат кривично гонети, бидејќи како што порачал „без правда само со вистината, раните остануваат отворени“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…
Косово ќе прифати до 50 мигранти од…
Косовската влада денес одлучи да прифати до…