Откриено името и презимето на девојката која исчезна во Скопје – има 21 година
21 годишната Енкеледа Чела е девојката чија фотографија утрово се споделува на социјалните мрежи и за која нејзини блиски тврдат дека е исчезната.
21-годишната Енкеледа Чела од Албанија, која во Скопје студирала на Економскиот факултет е исчезната од ноќта петок кон сабота. Информациите дека ја нема девојката ги споделија нејините пријатели кои го информирале и нејзиното семејство во Албанија.
Чела во петокот вечерта некаде околу полноќ и 01 часот излегла да прошета на кејот на Вардар во населбата Илинден каде и што живеела. Не се вратила дома. Пријателката со која живее почнала потрага и според информациите, Енкеледа била видена на бензинска пумпа во Илинден утрото во саботата.
Случајот е пријавен во полиција. Според пријателите на Чела МВР в понеделник ќе ги прегледува камерите на местото каде што наводно последен пат била видена девојката.
Според информациите што за А1он ги дадоа нејзините пријатели, телефонот и е исклучен, личната карта и е дома, но претпоставуваат дека пасошот и бил во ранецот кој го носела со себе.
Девојката има црвено-кафеава коса, носи протеза на горните заби. висока е 160 см, а тешка околу 55 килограми. Кога исчезнала била облечена во фармерки и црна јакна, со себе носела ранец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Малореканска Летна Школа – По патеките на…
Во селото Тресонче на 30 август ќе…
МВР: Констатирани 140 прекршоци и осум кривични…
Секторот за сообраќајни работи при Министерството за…
Иран со закана за земјите кои ќе…
Иран се закани со одмазда против секоја…
Израелската армија ликвидираше тројца припадници на Хамас…
Израел продолжува да изведува целни убиства на…
Во делови од земјата појава на град,…
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево информира…