(Видео) Србинот кој го сними видеото во Виена: Детето бегаше и викаше
Српската полиција, како што јави Блиц, во ноќта меѓу саботата и неделата околу три часот по полноќ добила мејл од Виена, во кој српски државјанин наведува дека видел девојче која наводно наликува на исчезнатата Данка.
Неколку српски медиуми го објавија и мејлот што го добила полицијата заедно со видеото.
“Околу 20:00 излегов од метро станицата и видов дете како бега и вика. Прво гледав, па почнав да снимам. Се се случуваше на трамвајската станица. Имаше две жени со детето кои разговараа На романски. Го викаа детето со некое име, не разбрав кое, но девојчето воопшто не одговараше“, пишува во мејлот.
Според извор близок до истрагата, веднаш била воспоставена соработка меѓу австриската и српската полиција: „Тие веднаш реагирале и одговориле на сите барања кои им биле упатени. Соработката е почната, а локалната полиција започнала истрага и се надеваат за позитивен исход“.
„Нашата полиција веднаш стапи во контакт со Европол, на кој му беа испратени сите познати податоци од тоа видео“, додаде изворот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Осум месеци затвор за човекот кој ги…
Осум месеци затвор и укинување на притворот…
Се размислува за електронска наплата за патарините,…
Се размислува за воведување електронска наплата на…
Европската комисија предлага дополнителен заем од 45…
Европската комисија предложи одобрување дополнителен заем од…
На бебе со ножици му бил отсечен…
Сериозен случај е пријавен на Клиниката за…
Вучиќ: „Ќе се обидат да ме убијат,…
Александар Вучиќ денеска изјави дека новата власт…