Објавено на:

Елмас: Сонувам да играм на Светско првенство со Македонија!

t

Во интервју за турската агенција „Анадолу“, македонскиот репрезентативец Елиф Елмас вели дека има голема желба да игра на Светско првенство со Македонија и верува дека тоа ќе му се оствари.

Елиф Елмас кој играше за Фенербахче, уште е интересен за турските медиуми, во последното интервју тој ја нагласува мундијалската желба со македонската репрезентација.

„Сонувам да играм на Светско првенство. Јасно ми е дека тоа е тешко, Македонија е мала држава за разлика од Турција која има 80 милиони жители, потешко е кај нас да се најде голем избор на квалитетни фудбалери. Но, мислам дека ќе имаме добри резултати во иднина, затоа што имаме добра атмосфера во подмладената репрезентација и не се откажуваме од нашите цели“, вели Елмас.

Елмас имаше можност да игра и за Турција, но тогаш не го прифати повикот од Фатих Терим.

„На 5. јуни 2017 година во Скопје Турција играше со Македонија пријателски натпревар, непоседно пред тоа турскиот селектор Фатих Терим испрати повик да играм за таа репрезентација, но не прифатив. Тогаш добив повик од Македонија, а играв и за младата репрезентација на Европско првенство“.

Елмас уште нема голема минутажа во Лајпциг каде дојде како сериозно засилување откако германскиот клуб за него плати 25 милиони евра, но тој очекува вистински блесок идната сезона.

„Имав успешен период во Наполи, иако често бев и замена. Бев третиот играч по број на голови по Осимен и Кварацхелија. Го освоивме Скудетото по 33 години со Наполи и го освоивме Купот на Италија. Отидов во Лајпциг затоа што сакав тим каде што постојано ќе играм. Лајпциг дава шанса на младите играчи. Сега се адаптирам на германскиот фудбал и потребно ми е време. Следната сезона ќе го гледате вистинскиот Елмас“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Филипче: Добро е што Мицкоски сфатил дека…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче преку својот…

Канада ќе обезбеди воена помош за Украина…

Канада објави нов пакет одбранбена помош за…

Мицкоски ја направи Македонија понижена, наместо горда

Мицкоски ветува промени кои наводно ги направил…

Крвав хорор со ножеви во Чаир –…

Во крвава тепачка во која биле користени…

СДСМ: За врховистот Мицкоски, Македонија е кауза…

ВМРО-ДПМНЕ не е никакво продолжение на историското…