МВР на трето место во годишниот извештај на Антикорупциска!

t

МВР за 2023 е прва владина институција од вкупно 71 институции во однос на исполнетост на обврските за примена на системот за интегритет, објави на Фејсбук дополнителниот заменик-министер за внатрешни рбаоти, Митко Бојмацалиев.

– Високото 3 место согласно годишниот извештај на Државната комисија за спречување на корупција се должи на целосната трансформација изминативе години од 2017 до денес, од институција со целосна срушена доверба до институција со најголема доверба меѓу граѓаните.

За првпат воведовме Тест на интегритет за сите нови вработувања во МВР – Согласно извештајот на ГРЕКО за евалуација на РСМ – петти круг за ,,Спречување на крупцијата и промовирање на интегритет кај централната власт и органите за спроведување на законот”, со законско решение го уредивме прашањето на интегритетот за кандидатите за вработување, како и за сите вработени во Министерството.

Имено, како нов услов за засновање на работен однос е кандидатот да има положено Тест за интегритет.

За постојните работници, пак, заради спречување на корупција и злоупотреба на службената положба, а со цел јакнење на интегритетот на секој работник, се предлага да се врши проверка на интегритетот, преку спроведување ТЕСТ за професионален интегритет.

Од полицијата со висок интегритет се очекува да го усогласи начинот на однесување на полициските службеници со демократските вредности додека при преземањето на мерките од овластувањата да се раководи од владеење на правото и доследно да ги почитува човековите права. Тоа значи отстранување на условите за постоење на корупција во полицијата и непрофесионалното постапување и воспоставување на посакуваните етички стандарди.

Преку мотото „МВР за граѓаните“ изградивме институција на професионалци со кредибилитет и професионален интегритет.

Интегритетот како професионална категорија е клучна во градењето на силни институции отпорни на корупција и со тоа градењето доверба кај граѓаните. Интегритетот е клучен во градењето на силни институции и во создавањето на довербата кај граѓаните. – напиша Бојмацалиев на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицискиот хеликоптер фрли над 45 тони…

Денеска (06.08.2024) полициски хеликоптер учествуваше во гасење…

(Видео) Дронови на МВР ги мониторираат шумските…

Како што веќе најави директорот на Бирото…

Братот на заменикот на Тошковски имал врски…

Не стивнуваат контроверзите околу „чесните кадри“ и…

Полициски хеликоптер фрли над 43 тони вода…

Денеска (04.08.2024) хеликоптерот Бел 412 од Одделот…

Ни трага ни глас од скандалот на…

Ни трага ни глас од скандалот на…