Максим Димитриевски на судење против градежни фирми во Куманово
Претседателскиот кандидат Максим Димитриевски денеска влезе во судница во Основниот суд во Куманово по обвинението против него за злоупотреба на службена положба и овластувања, по кривична пријава поднесена од кумановските градежни фирми „Делукс ауто“ и „Хромак“ за кои во јавноста се зборува дека се блиски довласта.
Лидерот на ЗНАМ има забелешки зошто воопшто кумановскиот обвинител, Иса Сулејмани, ја прифатил пријавата и поднел обвинителен предлог, а истот така,тоа се случува во предизборен контекст.
Фирмите го пријавија кумановскиот градоначалник дека не им издава градежна дозвола за изградба на висококатница и дека претрпеле штета од 55.000 евра, затоа што не им издал решение за наплата на комуналии за објектот
Димитриевски тврди дека постои стручно мислење од експерти за случајот, кое обвинителот не го земал предвид.
Рочиштето беше одложено за 30 април. Димитриевски се товари дека не го почитувал законот за градење и одлуките на уставниот суд.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: САД ги предупредија земјите од…
САД информираа неколку арапски земји од Персиски…
Се запалил бојлер во барака на „Стив…
Бојлер се запалил синоќа во една од…
УЖАС: Најмалку 46 загинати во судир на…
Најмалку 46 луѓе загинаа во судирот на…
Исчезнаа 7,8 тони медицински канабис од фирма…
Недостиг од речиси осум тони сув цвет…
Дали изборот за шеф на ОЈО ГОКК…
Јавните обвинители денеска избираат нов шеф на…