Објавено на:

САД: Не поддржуваме украински напади на руска територија

t

Американската администрација не поддржува напади на вооружените сили на Украина на руска територија, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен за време на заедничката прес-конференција со францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурнеј по нивниот состанок во Париз, коментирајќи ги нападите на украинските сили врз Русија.


Блинкен, на новинарско прашање дали САД ги сметаат нападите на Киев врз рафинериите и другите објекти на рускиот енергетски систем како „правилен стратешки пристап“, одговори:
„Од првиот ден на специјалната воена операција, кога станува збор за Украина, сметавме и сè уште сметаме дека е наша политика да направиме се што е можно за да и помогнеме на Украина да се одбрани од руската агресија. Во исто време, ние не ги поддржуваме и не ги одобруваме нападите на Украина надвор од границите на нејзината територија“, нагласи државниот секретар.

Во исто време, францускиот министер за надворешни работи Стефан Сежурн, коментирајќи ги нападите на Украина врз руските нафтени постројки, рече дека Киев дејствува во рамките на легитимната одбрана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…

Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…

Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…

„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…

1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…

Европските држави ќе одржат воена вежба за…

Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…

Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…

Франција денес очекува 140.000 демонстранти

Меѓу 70.000 и 140.000 луѓе се очекуваат…