Објавено на:

Србија и Хрватска го повлекуваат од пазарот овој лек за деца кој е омилен кај македонските родители

t

Сандоз д.о.о. и Хрватската агенција за лекови и медицински средства Халмед минатата недела објавија дека серијата лекови fluimukan junior 20 mg/ml, за орална употреба, се повлекува од пазарот поради сомневање за загадување на течноста со честички од амбалажата. Серијата лекови е превентивно повлечена од Србија.

Лекот е присутен под друго име и бренд и се нарекува ACC Kids 20mg/ml 100 ml.. Иако кај овој производ не е детектирана контаминација , како претпазливост, компанијата превентивно ја повлече серијата лекови.

Споменатиот лек наречен Fluimukan Junior 20 mg/ml не е регистриран во Србија. Присутен е под друго име и се нарекува ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Бидејќи пациентите се наш приоритет во се што правиме, ние работиме тесно со релевантните власти за да бидеме сигурни дека нашите лекови се во согласност со регулаторните барања и највисоките стандарди за квалитет.
Како одговорна компанија, Сандоз веднаш започна превентивно доброволно повлекување на лекот со горенаведените контакт пакувања (затворања) на сите пазари. Во таа врска, аптеките и веледрогериите веќе ја прекинаа понатамошната дистрибуција на овие серии на производи.”, велат од компанијата за српските медиуми

Во Македонија нема информации дали постои серија на овој лек која што е контаминирана. Инаку лекот АCC Kids е прилично популарен и кај родителите во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Феноменот „вселенска медуза“ забележан над Русија!

По лансирањето на ракетата-носач Сојуз од космодромот…

Напад на синагога во Франција, полицијата го…

Француската полиција уби вооружен маж кој се…

Никола Роквиќ собра средства за детска онкологија…

Никола Роквиќ веќе 24 дена пешачи до…

(Видео) СТРАШНО: Силна бура го погоди Хјустон,…

Силна бура со урагански ветрови вчера го…

Орбан: Фицо е „меѓу животот и смртта“

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот…