Објавено на:

Србија и Хрватска го повлекуваат од пазарот овој лек за деца кој е омилен кај македонските родители

t

Сандоз д.о.о. и Хрватската агенција за лекови и медицински средства Халмед минатата недела објавија дека серијата лекови fluimukan junior 20 mg/ml, за орална употреба, се повлекува од пазарот поради сомневање за загадување на течноста со честички од амбалажата. Серијата лекови е превентивно повлечена од Србија.

Лекот е присутен под друго име и бренд и се нарекува ACC Kids 20mg/ml 100 ml.. Иако кај овој производ не е детектирана контаминација , како претпазливост, компанијата превентивно ја повлече серијата лекови.

Споменатиот лек наречен Fluimukan Junior 20 mg/ml не е регистриран во Србија. Присутен е под друго име и се нарекува ACC Kids 20mg/ml 100 ml. Бидејќи пациентите се наш приоритет во се што правиме, ние работиме тесно со релевантните власти за да бидеме сигурни дека нашите лекови се во согласност со регулаторните барања и највисоките стандарди за квалитет.
Како одговорна компанија, Сандоз веднаш започна превентивно доброволно повлекување на лекот со горенаведените контакт пакувања (затворања) на сите пазари. Во таа врска, аптеките и веледрогериите веќе ја прекинаа понатамошната дистрибуција на овие серии на производи.”, велат од компанијата за српските медиуми

Во Македонија нема информации дали постои серија на овој лек која што е контаминирана. Инаку лекот АCC Kids е прилично популарен и кај родителите во земјава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Италија и Шпанија ги укинуваат граничните контроли…

Италија и Шпанија денеска се согласија да…

Возач на тротинет удри во пензионерка во…

МВР информира дека завчера попладне околу 14:00…

Кривична за двајца вработени во Брза помош…

СВР Тетово поднесе кривична пријава против И.В.(35)…

Повозрасен маж во автобус во Скопје допирал…

МВР информира дека синоќа во 21:40 часот…

Трактор излета од пат во Пехчево, загина…

Вчера во 21:30 часот во ОВР Берово…