Oд Охрид до „Черното море“: Охрид ќе се збратимува со Варна – на барање на Пецаков

t

Бугарскиот приморски град Варна добил барање од Охрид за збратимување, соопштил градоначалникот на Општина Варна, Благомир Коцев, на регионалната конференција „Европа на Балканот: Заедничка иднина“ што се одржува токму во Варна.

Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави.

Градоначалникот на Варна, како што објави БТА, уште посочил дека ги поздравува напорите на сите балкански земји кои го следат примерот на Бугарија на нивниот пат кон идното членство во Европската Унија.

– Варна е пример за тоа како балканските градови можат успешно да се развиваат. Потенцијалната соработка како онаа со Охрид, која верувам дека ќе се случи, би ни дала можност да покажеме како европските фондови можат да придонесат за развојот на балканскиот регион, рекол Коцев, објави бугарската БТА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министер за одбрана на Словачка: Состојбата на…

Словачката влада одржа прес-конференција за нападот врз…

(Фото) Ова е првата фотографија од Палевски…

Вечерва првоосомничениот за двојно убиство Љупчо Палевски…

Еве во какви услови ќе биде сместен…

Осомничениот за убиството на 14 годишната Вања…

Палевски слета во Македонија

Авионот на Туркиш Ерлајнс во кој се…

Грчки пратеник го искина договорот од Преспа:…

Грчкиот пратеник  Кирјакос Велопулос го искина Преспанскиот…