Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес го одложува гласањето за неколку недели
Гласањето во американскиот Конгрес за помош за Киев ќе биде одложено уште неколку недели. Како што пишува „Блумберг“, станува збор за гласањето првично предвидено за на 9 април.
Според публикацијата, претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, сè уште бара начини да ја омекне републиканското противење. Досега Џонсон не одлучил какви отстапки да бара од претседателот Џо Бајден и не им дал на републиканците план за пакет помош.
Тој претходно порача дека Конгресот ќе може да расправа за нацрт-законот за обезбедување помош на Украина по враќањето од одмор на 9 април и вети дека нема да го одложува прашањето.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на американското…
Хакери ја пробиле главната клауд-платформа на Военото…
Американски милијардер ја презема меѓународната империја на…
Конзорциум предводен од американскиот милијардер Тод Боли…
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
Маск го удвои ветувањето: Секое дете во…
Илон Маск, најбогатиот човек во светот, објави…
САД подготвуваат нови царини за најмалку 14…
САД се подготвуваат да објават нови царини…