Кинескиот премиер: Америка и Кина треба да се почитуваат и да бидат партнери
Кинескиот премиер Ли Џианг за време на состанокот со американската министерка за финансии Џенет Јелен во Пекинг изјави дека двете земји треба да се почитуваат и да бидат партнери, а не противници. Ли рече дека е постигнат „конструктивен напредок“ за време на посетата на Јелен, пренесува Ројтерс. Јелен истакна дека способноста на двете земји да водат тешки разговори ги доведоа Америка и Кина до „постабилни основи“ во текот на изминатата година и додаде дека Вашингтон и Пекинг имаат „должност“ одговорно да управуваат со сложените односи.
„Иако имаме повеќе обврски, воспоставивме постабилни билатерални односи, тоа не значеше игнорирање на нашите разлики или избегнување тешки разговори. Тоа значеше дека сфаќаме дека можеме да напредуваме само ако директно и отворено комуницираме меѓу себе“, рече Јелен.
Беше постигнат договор за започнување дијалог кој ќе се фокусира на „балансиран раст“ и заштита на американските работници и бизниси, наведува Ројтерс. Кинеското меѓународно радио објави дека двете страни се согласиле да разговараат за прашања како што се рамномерниот раст на САД, Кина и глобалната економија, финансиската стабилност, одржливите финансии и соработката против перење пари според кинеско-американскиот договор, пренесува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пентагон: Над 750 американски војници ранети во…
Вкупно 757 американски војници се ранети од…
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
33% – Поддршката за Трамп падна на…
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…