ЛДП: Салиу некогаш не бил обвинет за тероризам, ниту претставувал каква било безбедносна закана за вакво радикално однесување на полицијата!

Ваквото недостоинствено апсење на новинарот Фуркан Салиу е недозволиво во демократска држава, реагираат од ЛДП.
– Ние како Либерал-демократи посочуваме дека новинарот Салиу ниту некогаш бил обвинет за тероризам, ниту претставувал каква било безбедносна закана за да сведочиме вакво радикално однесување од страна на полицијата.
Новинарите, а пред се младите новинари треба да се охрабрат што почесто да ги искажуваат своите мислења и ставови кон одредени теми, затоа што така постепено ќе ја доближат демократијата блиску до граѓаните.
Основна функција на полицијата е заштита и почитување на основните слободи и права на човекот и граѓанинот загарантирани со Уставот, како и одржување на јавниот ред и мир во општеството. Полициските службеници пак, треба го почитуваат личното достоинство и индивидуалните потреби на лицето кое е повикано, приведено или лишено од слобода заради постоење на основи на сомневање дека извршило кривично дело. – велат од партијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП предлага да се забрани ТикТок: „Време…
ЛДП најостро го осудува неодговорното и неконтролирано…
ЛДП: Осуда за сквернавењето на државното знаме…
Либерално-демократската партија најостро го осудува секој чин…
Зајкова: ЛДП се стреми да биде власт,…
„ЛДП во парламентот делува независно и делуваше…
Централен одбор на ЛДП: Апсолутна поддршка и…
Централниот одбор на Либерално Демократска Партија ЛДП…
ЛДП: Граѓаните се соочуваат со високи банкарски…
Либерално-демократската партија повикува на итно усвојување на…