СДСМ: Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во режим и изолација
Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во режим и изолација, велат од СДСМ.
ДПМНЕ за само два месеци на чело на МВР јасно покажа дека има намера со сила да владее, доколку ја добие власта.
ДПМНЕ го врати ВМРО-МВРО и брутално го уапси новинарот Фуркан Салиу, во обид за замолчување и заплашување, откако објави афера директно поврзана со ДПМНЕ.
Деновиве беше нападната и новинарска екипа на ТВ24 на партиски митинг на ДПМНЕ.
Исто како во времето на режимот, ДПМНЕ напаѓаат и навредуваат новинари, монтираат анкети, јавниот сервис го користат како месен комитет на партијата, ја загрозуваат демократија, слободата на говорот.
Нападите на новинарите и злоупотребите на медиумите го покажуваат вистинското лице на Мицкоски и неговата партија.
ДПМНЕ, нема план, ни понуда за иднината, го блокира европскиот пат на државата.
Од друга страна СДСМ има јасна визија и план за европска иднина, план за завршување на преговорите и членство во ЕУ до 2030 година.
Граѓаните знаат дека гласот за СДСМ е глас за Европа, глас за слобода и демократија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
СДСМ: ОЈО да отвори постапка, РЕК Битола…
РЕК Битола веќе неколку дена е во…
СДСМ: ОЈО пак да го истражува англискиот…
Обвинителството повторно да отвори истрага за сертификатот…
СДСМ нема да има кандидати за градоначалници…
Како што брифираат од партијата, со одлука…
Кузеска: Рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ паѓа
Бидејќи и вака се пласира од страна…
Филипче соопшти 19 кандидати за градоначалници од…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска соопшти…