Со глас за европската коалиција граѓаните ќе спречат враќање на режимот на ДПМНЕ

t

Клучното прашање на овие избори е одлуката за европската иднина на државата, велат од СДСМ.

Овие денови се потврди, во ДПМНЕ нема никаква промена. Тоа е истата режимска партија од минатото, со која е можно само враќање назад во изолација.

Нервозата во белата палата се манифестира со брутално апсење новинари и обид за замлчување и заплашување, исто како во мрачното време на режимот и ВМРО-МВРО.

Пропагандата, злоупотребите на медиумите, пласирање лажни вести и нарачани анкети за манипулирање на граѓаните се добро познатите методи на Никола Груевски, кои сега ги спроведува Христијан Мицкоски.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа.

Тоа може да го спречат граѓаните на изборите на 24 април а потоа и на 8 ми мај.

Со глас за Коалицијата за европска иднина и Стево Пендаровски граѓаните гласаат за членство во ЕУ, за слобода, демократија и европски животен стандард.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДС бегаат од надзорна…

Филипче и СДС упорно ја повторуваат истата…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС бараше надзорна расправа за Алта…

„СДС ја побара надзорната расправа за Алта…

ВМРО-ДПМНЕ: Политичкото лешинарство има име Венко Филипче,…

Денес СДС најави протест во Охрид каде…

Застануваме зад Сара и нејзиното семејство, одлуката…

Соопштение на ВМРО-ДПМНЕ:ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го…

Повеќе од 30 членови на СДСМ од…

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ…