(Видео) Тошковски фатен жив како врши притисок во ПС Гази Баба за случајот со Фуркан Салиу – oбезбедувањето го турна уредникот на Инфомакс со цел да го спаси министерот од незгодните прашања!

t

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски денес беше во ненајавена посета на ПС Гази Баба без присуство и покана до медиумите. Неофицијално според наши избори од МВР, Тошковски бил со цел да изврши притисок за случајот со апсењето на новинарот Фуркан Салиу.

Имено според информации на Инфомакс, никој од полицајците не е спремен да го потпише записникот од претресот на автомобилот на новинарот бидејќи истиот е направен спроведно на процедурите и Законите, а нема ниту снимка како што вчера тврдеше Тошковски од наводниот напад на Салиу кон полициските службеници.

Затоа постои видео кое го објави новинарот Фуркан Салиу од неговото апсење и физички напад од страна на полицијата врз него.

-Како беше уапсен новинарот на ПорталХ?
Како пробаа да ги избришат материјалите и да го одземат телефонот?
Како Министерот за внатрешни работи ги оправдува постапките на полицијата?

Но она што е уште посимптоматично за случајот со апсењето на Салиу е денешниот притисок кој лично министерот го вршеше во ПС Гази Баба каде што беше однесен Салиу по апсењето. Дополнително во станицата беа и присутни полицајците кои го апсеа новинарот.

Погледнете ја снимката и како министерот избега од камерите на Инфомакс и Порталикс.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев: Филипче не знае каде тера, прво…

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во изјава…

Студентите и оваа година ќе добиваат 840…

За академската 2026/2027 година, студентите кои ги…

Исчезна скопјанец – семејството моли за помош…

Скопјанецот Трајан Георгиевски (83) исчезна утринава. Од…

Ерменија наскоро ќе поднесе формална кандидатура за…

Ерменија наскоро ќе започне со подготовки за…

Почина бизнисменот Огњан Циговски

По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…