Експлозија во хидроелектрана во Италија: Има повредени и најмалку 6 исчезнати лица
Најмалку четири лица се тешко повредени, а шест се водат за исчезнати во експлозија што се случи во хидроелектрана во Италија.
Експлозијата се случила околу 15:00 часот во вештачкиот базен Сувиана, во општината Камуњано. Експлозијата се случила во генераторот приклучен на турбината.
Најмалку три хеликоптери го надлетаат теренот во потрага по исчезнатите. Според полицијата, на терен се повеќе од 70 пожарникари.
„Се верува дека пожарот избувнал на деветтиот кат, целата електрана е под нивото на езерото, на длабочина од околу 30 метри“, изјави Марко Масинара, градоначалник на Камуњано.
Засега не е познато како дошло до експлозијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Амнести интернешнел“ ја повика Италија да го…
Италија треба да го прекине договорот со…
Ренесансни слики со непроценлива вредност украдени од…
Во музеј на Сицилија, украдени се четири…
„Мислевме дека спие“: родители во Италија возеле…
Родители возеле околу 100 километри низ Италија…
Италијански бизнисмен поставил бомба пред домот на…
Италијанскиот бизнисмен Валтер Лавитола признал дека го…
Ескалира спорот во ЕУ: Шпанија воведува гранични…
Шпанија воведе гранични контроли на целиот воздушен…