Објавено на:

Кириите во Амстердам се највисоки во Европа!

t

Кириите во Амстердам се највисоки во Европа, а Ротердам и Хаг се меѓу петте најскапи европски градови, според истражувањето на агенцијата HousingAnywhere.

Оваа агенција за среднорочно изнајмување недвижнини ги прегледа кириите за повеќе од 67.000 домови во 28 европски градови во првиот квартал од оваа година, а Амстердам се рангираше на прво место според цените, пред Рим и Париз, пренесува РТВ, цитирајќи го NL Times.

Амстердам е на прво место во сите три категории, со просечна кирија од 2.276 евра месечно за стан, 1.740 евра за гарсоњера и 963 евра за соба. Просечната кирија за стан во Ротердам е 1.795 евра, а во Хаг 1.790 евра.

Во Ротердам цените на киријата се зголемија за 15,8 отсто на годишно ниво, а во Хаг за 25,6 отсто. На листата на десетте најскапи градови кога станува збор за изнајмување станови, се најде уште еден холандски град Утрехт, кој го зазеде седмото место со просечна кирија од 1.746 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ за изјавата на Силјановска: Несреќен настап…

Европската Унија очекува од новите власти во…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот и…

Унгарија и Србија го градат најмодерниот, најголемиот,…

Матарела: ЕУ минува низ најтешкиот период од…

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека…

Сијарто: Унгарија нема да учестува во „лудата…

Унгарија нема да учествува во долгорочниот план…

Италијанскиот министер за одбрана: Разговарајте со Путин!

Италијанскиот министер за одбрана Гидо Кросето денеска…