Објавено на:

Полицијата не се мрда од селото на убиецот на Данка Илиќ: Утрово таму испратени нови екипи

t

Седми ден од апсењето на осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, телото на девојчето се уште не е пронајдено, а припадниците на Одделот за криминалистичка полиција од Белград и Бор вршат увид на околината на куќата на Д.Д., кој е осомничен за убиство.

Мирната ситуација не траеше долго во селото Злот, три полициски возила утрово поминаа низ селото, а набргу го блокираа и другиот дел од селото. Фокусот на пребарување сега е другата страна на селото.

Цистерната и противпожарните спасувачи работат на терен од рано изутрина, при што полицијата сега обезбедува пристап до тој дел, додека пред куќата во која моментално живее само Светлана, мајката на убиецот, нема никој.

Припадниците на Управата за криминалистичка полиција од Белград и Бор работат со полна пареа, досега е испразнет и пребаран резервоарот за вода, како и коритото на блискиот поток.

Се претресува и просторот околу куќата на осомничениот, додека припадници на Секторот за вонредни состојби вршат увид на блискиот поток.

Двегодишната Данка Илиќ исчезна на 26 март, а на 4 април српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека е убиена и дека двајца осомничени се уапсени.
Претходните денови полицијата заедно со спасувачката екипа и Планинската спасувачка служба го пребаруваа Лазаревиот кањон, а беше прегледана и јамата над кањонот со длабочина од 70 метри.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Британски парламент: Европа не може да смета…

Европејците повеќе не можат да се потпираат…

(Видео) МАСОВНА ТЕПАЧКА во албанскиот парламент

За време на денешната седница албанскиот парламент…

Сестрата на Ким ѝ се закани на…

Сестрата на севернокорејскиот лидер, Ким Јо Џонг,…

Снајперските тимови на САЕ „Тигар“ со значаен…

Снајперските тимови на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“…

Молотови коктели кон кабинетот на Рама, пожар…

Демонстрантите во Тирана фрлаа молотови коктели кон…