Бојмацалиев: Реконструирани се сите полициски објекти на територија на СВР Куманово, во ОВР Крива Паланка вложени над девет милиони денари

t

Реконструирани сите полициски објекти на територија на СВР Куманово, во ОВР Крива Паланка вложени над девет милиони денари, објави на Фејсбук дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев.

– Денеска заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, остваривме работна средба со раководството на Одделението за внатрешни работи Крива Паланка при СВР Куманово, како би се запознале одблиску со постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и со евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.

Од страна на раководството на ОВР Крива Паланка бев брифиран за постигнатите резултати на оваа организациска единица изминативе три месеци од оваа година a безбедносната состојба ja оценивме поволна на задоволително ниво. Забележителна е ефикасноста од над 70% во реализација на кривично правни настани по приватна тужба и по службена должност за период 2023 година и 2024 година прво тримесечје.

И во Крива Паланка оперативниот штаб на МВР за спроведување на изборниот процес функционира редовно, подготвени за гарантирање на безбедноста во насока на фер, слободни и демократски избори. – истакна Бојмацалиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претседателката Сиљановска Давкова ќе ги прими поглаварите…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ќе ги…

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…

МВР: Од 8 до 19 часот денеска…

Од 8 до 19 часот денеска ќе…

МВР регистрираше агитирање и нерегуларности за време…

За време на предизборниот молк регистрирани се…