Сериозно предупредување: Франција ги повика своите граѓани да не патуваат на Блискиот Исток поради опасност од ширење на конфликтот
Француското Министерство за надворешни работи денеска ги советува француските граѓани да не патуваат во Иран, Либан, Израел и на палестинските територии поради опасност од ширење на конфликтот на Блискиот Исток.
Францускиот МСП на платформата Х изјави дека роднините на француските дипломати во Иран ќе се вратат во Франција и дека на француските државни службеници им е забрането да извршуваат какви било мисии во Иран, Либан, Израел и на палестинските територии.
Ирански извори изјавија за „Ројтерс“ дека Техеран му сигнализирал на Вашингтон дека ќе одговори на нападот на Израел врз иранската амбасада во Сирија на начин што има цел да избегне голема ескалација и нема да дејствува избрзано бидејќи Техеран исто така бара прекин на огнот во Појасот Газа.
Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамед Реза Захеди, и неговиот заменик, како и пет офицери, кои ги придружуваа.
Израел тврди дека не стои зад нападот, а неколку официјални претставници на Техеран претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучително и врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хамнеи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…