Објавено на:

Десетици руски воени инструктори пристигнаа во Нигер

t

Десетици руски воени инструктори пристигнаа во Нигер како дел од договорот со тамошната хунта, која претходно ги прекина сите врски со западот. Државните медиуми објавија дека Русите донеле и современ противвоздушен систем, кој ќе биде инсталиран во земјата.

Оваа западноафриканска земја е една од неколкуте од регионот Сахел чии воени власти ги зајакнаа односите со Русија во последно време. Портпаролот на воената влада на Нигер изјави дека Русите ќе ги обучуваат нигерските војници.

Паравоената група Африкански корпус, која е во составот на руското министерство за одбрана, објави дека ова е првата група на војници и волонтери која дојде во Нигер.

„Тие се тука за да развиваат воена соработка помеѓу двете земји“, објави Африкански корпус на Телеграм.

Демократски избраниот претседател на Нигер, Мохамед Базум, беше соборен со воен пуч минатата година, по што хунтата ги прекина воените и дипломатските врски со Франција и го отповика договорот со САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дел од Гази Баба утре ќе остане…

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека…

Дојче Веле: Антимон, дата-центри и гасовод –…

Премиерот Христијан Мицкоски, кој престојува во работна…

Од полноќ големо поскапување на дизелот

Дизелот поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат…

ДЖИС: Немаше загадување од големите индустриски капацитети…

Државниот инспекторат за животна средина (ДЖИС) вели…