МВР бришеле доказен материјал, тврди Салиу и порачува: Уништување на докази е КРИВИЧНО ДЕЛО!

t

Уништување на доказен материјал е кривично дело, пишува на Фејсбук новинарот Фуркан Салиу кој неодамна брутално беше уапсен од страна на ЕБР за наводен напад на службено лице, иако кривичната пријава поднесена од МВР се однесува само за попречување на службено лице во вршење на должноста, што Салиу исто така го оспорува.

– Почитувани припадници на #МВР, посебно вие припадници на #КримTехника и #ЕБР,

Уништувањето на доказен материјал верувам знаете подобро од мене дека е кривично дело. Посебно ако се уништи материјал кој е во приватна сопственост.

Во материјалот од безбедносните камери во приватен објект се избришани три дела.

Два пати по 40 секунди каде што би требало да се гледа како апсолутно без ништо почнуваат да го тепаат младото момче и делот каде што би требало да се гледа “нападот” од моја страна врз полицијата. И 3 минути каде што точно се гледа како се отвара мојата ташна.

Се надевам дека иако сте ги избришале за да ние не дојдеме до нив ги чувате кај вас.

Давањето лажен исказ е исто така кривично дело.

Ако законот важи еднакво за сите како што вели Министерот #Тошковски полека се ќе се расчисти – напиша Салиу на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР со детали за трагедијата во Стајковци:…

Денеска во 12.30 во СВР Скопје било…

Уапсени се 15 лица на грчкиот остров…

Грчката полиција денеска уапси 15 лица во…

Апсење во Куманово: Пронајдени кокаин и канабис

На 10.05.2024 во 19.30 часот во Куманово…

(ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО) АПСЕЊЕ ВО КОЧАНИ! Ова се…

Денеска во Кочани од страна на полициски…

Никогаш да не се заборави – Бојмацалиев…

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко…