Малолетник од Тетово украл возило, бегајќи оштетил друго возило
Во 02.05 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишиле од слобода малолетник од Тетово. Тој се сомничи дека околу 01.00 часот од ул. „Благоја Тоска“ во Тетово одзел патничко возило „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(46) од Тетово, по што бегајќи со возилото оштетил друго патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на Ш.С.(45) од Тетово.
Возилото било пронајденo и вратено на сопственичката, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран пронајде богатство под земја! Откриено гасно…
Иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад денес…
Пожар во Илиден во близина на бензинска…
Пожар избувна во и околу каналот што…
Тешко повредено младо момче, излетало со автомобилот…
На 23.08.2026 во 05:00 часот во ОВР…
Иран поканет да се приклучи на „исламското…
Рахими, директор на новинската агенција Ханех Мелат,…
Пожарот кај делчевски Голак ставен под целосна…
Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП…