Објавено на:

(Видео) СТРАШНО НЕВРЕМЕ во Словенија и Србија – Силен ветер, град и снег!

t

Невреме денеска имаше и во Словенија. Регистрирани се силни налети на ветер, град и снег. 

Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и централниот дел на државата поради силниот ветер. Температурите се намалија, а на места како и во Хрватска и за повеќе од 10 степени.

Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина, пренесува Н1.

„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат врнежи од 30 до 60 милиметри. На повисоките места над околу 800 метри може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти Агенцијата за животна средина на Словенија.

Силно невреме од Хрватска попладнето околу 15 часот пристигна во Србија, објави српски Мондо.

Засега врне поретко, а невремето е проследено со грмежи кои се прошируваат и во останатите делови од Србија и постепено се засилуваат.

Како што може да се види на страницата на Инстаграм „Хаилз Србија“, бурниот ветар крева прашина и ретко што може да се види на патот. Видливоста е намалена на речиси 0 метри во многу делови на Војводина.

ЛИНК од видеото

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Словенечкa протетичарка ќе им помага на повредените…

Директорот на ФЗОМ Сашо Клековски денеска се…

Вучиќ: Го запираме целиот извоз на оружје!

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека…

Кремљ до Белград: Згазивте векови старо братство…

Според прес-бирото на Службата за надворешно разузнавање…

Српските возови добиваат бизнис класа

За околу година, година и пол, „Србијавоз“…

Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…

За време на официјалните разговори во Каиро,…