Филипче до Силјановска: Професорката заборава дека специјализантите земаа нула денари со Владата на ВМРО-ДПМНЕ, зошто не предложи Закон како пратеник да се зголеми нивната плата?

t

Да ја потсетам кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Силјановска дека нејзината партија 11 години од приватните специјализанти правеше социјални случаи.

Тоа не го кажувам јас тоа се зборови на моите млади колеги. Силјановска изгледа не знае дека ВМРО-ДПМНЕ трудот на приватните специјализанти го вреднуваше 0 денари. Со букви НУЛА денари.

Таа како пратеник во последниот парламентарен состав можеше, исто така, да иницира измени во законот. Ама тогаш веројатно немала ни слушнато за оваа категорија здравствени работници, а сега во кампањата се обидува на нивни грб да прави политички поени.

За разлика од политикантството на Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ, јас како министер и СДСМ обезбедивме уште во 2018 приватните специјализанти да добијат месечен надомест во висина на просечна плата, платени дежурства како и платено здравствено осигурување.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Претреси во Врховниот суд и на други…

Вечерва на полноќ ќе се одржи итна…

Ердоган прогласи Ден на национална жалост по…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи ден…

Меџити: Албанците му кажаа “доста“ на Ахмети

Има една поговорка, „кој губи има право…

Ѓеорѓиевски за ТВ 24: Јавна тајна е…

Орце Ѓеорѓиевски градоначалникот на Кисела вода и…

Детали за апсењето на Врховниот судија Наке…

Синот на поранешниот градоначалник на Ново Село,…