Османи: Имам информации за Бањска, ќе предложам излегување од Отворен Балкан

t

Министерот за надворешни работи Бујар Османи соопшти дека има факти и информации во врска со настаните во Бањска во Косово на 24 септември минатата година и нив ќе ги презентира на затворена седница на Владата со цел, како што рече, да се преиспита и да се одлучи дали државава и натаму треба да остане во иницијативата „Отворен Балкан“ во која е заедно со Албанија и Србија. Тој кажа дека односите во „Отворен Балкан“ се нарушени после нападот во Бањска, и дека Владата треба да одлучи за понатамошно учество во иницијативата.

-Кога се случи нападот во Бањска во Косово имав изјава дека ова оди спротивно на основната идеја за иницијативата – дека е за помирување. И реков – ако има директна вмешаност на Белград во Бањска, тогаш навистина треба да се преиспита бидејќи ги крши столбовите на основната идеја. Бидејќи сега имам повеќе информации што се случило во Бањска, планирам на затворена седница да ја информирам Владата, а Владата ќе одлучи што онатаму, рече Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте, зголемен водостојот на реката Лепенец!

Центарот за управување со кризи предупредува дека,…

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк…

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и…

Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување…

Мицотакис со нови закани до Македонија ако…

Сакам и овде, на неколку километри од…

Земјоделци од селата Иловица и Штука го…

Земјоделци од селата Иловица и Штука во…