(Фото) Како изгледал етничкиот состав на цела Македонија во 1905 година?

t

Македонија во 1905 година. Сѐ уште само како област во рамките на Отоманското царство, две години по задушувањето на Илинденското востание. Каков бил етничкиот состав на сите три дела – Вардар, Егеј и Пирин?

Маперот Никола од Скопје, кој се крие зад Instagram и Facebook страницата Macedonian maps, вели дека за да ги пресмета бројките и да ја создааде оваа мапа ги искористил буквално сите достапни податоци од тој период.

Етничкиот состав вели дека во сите три дела мнозинство биле Македонците, а секаде на второ место биле Турците, што е за очекување со оглед на тоа што ова е периодот пред масовното иселување на Турците во Турција.

Во Вардарска Македонија, или она што денес е независна Македонија, имало 699.718 Македонци, 198.432 Турци, 125.587 Албанци и 30.468 Власи.

Во Егејска Македонија населението било следно: 490.628 Македонци, 341.499 Турци, 294.443 Грци, 60.780 Евреи, 54.652 Власи, 22.985 Роми и 10.470 Албанци.

Во Пиринска Македонија со 173.620 огромно мнозинство биле Македонците, а имало и 30.420 Турци, 4.678 Власи и 4.645 Грци.

Нормално, во сите три имало и други помалубројни етникуми кои не се наведени.

Ако направиме математика, вкупниот број во трите дела ја создава следнава етничка слика:

Македонци 1.363.966
Турци 570.351
Грци 299.088
Албанци 136.057
Власи 89.798
Евреи 60.780*
Роми 22.985*
*Недостасуваат бројките од Вардар и Пирин.

Да нема забуна, на мапата се претставени само трите дела без оние што подоцна влегле во состав на Албанија и Србија (и Гора денес во Косово), како и без полуостровот Атос (Света Гора).

Етничкиот состав денес е драстично сменет, особено во Егејот. Нормално, следувале Балканските војни, па Првата и Втората светска војна, егзодусот на Македонците од Егејот и конечно укинувањето на сите основни права на Македонците во Пирин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Внимавајте, зголемен водостојот на реката Лепенец!

Центарот за управување со кризи предупредува дека,…

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе…

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Њујорк…

ДИК: Прегласувањето на болните, немоќните лица и…

Државната изборна комисија (ДИК) за денешното прегласување…

Мицотакис со нови закани до Македонија ако…

Сакам и овде, на неколку километри од…

Земјоделци од селата Иловица и Штука го…

Земјоделци од селата Иловица и Штука во…