Објавено на:

Предлог-законот на Претставничкиот дом за помош на Киев: Проектили Атакамс и 61 милијарда долари

t

Претставен е предлог-законот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес за помош на Украина, Израел и сојузниците во Индо-пацифичкиот регион и предвидува издвојување на 61 милијарда долари и испраќање ракети Атакамс за Украина.
Клучни точки на предложениот документ:

  • На претседателот на САД му е наредено да испорача ракети Атакамс во Украина;
  • Претседателот на САД треба да постигне договор со Украина за компензација на економската помош;
  • Нацртот предвидува издвојување на 61 милијарда долари за Украина, од кои 23 милијарди за надополнување на американскиот арсенал.
  • За купување оружје за Украина се издвоени 13,8 милијарди долари, додека 11,3 милијарди долари се наменети за „тековните воени операции на САД во регионот“. Нацртот бара Стејт департментот и Пентагон да ја претстават стратегијата на САД за поддршка на земјата во рок од 45 дена од усвојувањето на законот;
    Наместо да го одобри, како Сенатот, барањето на Белата куќа за помош од 95 милијарди долари, Претставничкиот дом објави три посебни нацрт-закони – за помош на Украина, Израел и сојузниците во индо-пацифичкиот регион.
    Гласањето треба да се одржи на 20 април.
    Американскиот претседател Џозеф Бајден денеска повторно го повика Конгресот да го одобри неговото барање за помош за Израел и Украина.
    „Ако тоа не се случи и ако Киев доживее пораз, силите на Путин ќе бидат поблиску од кога било до сојузниците во НАТО“, рече Бајден во написот за „Волстрит џурнал“.
    Претходно американскиот Сенат го поддржа нацрт-законот со кој се обезбедува помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван без мерки за заштита на американската граница. Од тие 95 милијарди долари, 60 се наменети за Киев. Во моментов се чека Претставничкиот дом да го усвои тој закон за да стапи на сила.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ѝ се заканија на Турција со…

Помошникот на шефот на американското Министерство за…

Ние кога? САД инвестираат 2,2 милијарди долари…

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден објави…

Нигеp ги пpекинува дипломатските односи со Укpаина

Нигер ги прекинува дипломатските односи со Украина…

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

„Њујорк Тајмс“: Иран бара од Русија напредни…

Иранската влада побарала од Русија напредни радари…