Тепачка меѓу функционери во Гостивар?

t

По судирите и тепачките во Струга, поделбата меѓу противниците на Европскиот фронт продолжи и во гостиварскиот огранок, објави порталот Фол.

Додека претходно во Струга дошло до судир меѓу симпатизери на ДУИ и Зиадин Села, во Гостивар се случила физичка пресметка меѓу Невзат Бејта, кој е потпретседател на ДУИ, и Валдет Џафери, кој е шеф на огранокот на ДУИ во овој град, пишува Фол.

Како што дознава порталот, Невзат Бејта и Валдет Џафери првично имале вербална пресметка која потоа ескалирала по што Бејта му удрил шлаканица на Џафери.

Според порталот судирите во ДУИ почнаа по судирот на оваа партија со ДПА, Зиадин Села и многу други новоформирани партии, а причина за препукувањата се позициите и политичкиот простор кој е многу тесен поради големиот број партии во коалиција предводена од ДУИ објавува Фол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судењето на Трамп продолжува откако судијата го…

По пет недели рочишта, 19 сведоци на…

(Видео) Атанасовски: Пендаровски потона поради лошиот сентимент…

Најоптималните анкети пред изборите беа 53 пратеници…

Ракометарот кој беше дел од вардаровата бајка…

Еден од најдобрите хрватски ракометари на сите…

ОЈО ги потврди информациите на Инфомакс: Синот…

Основното јавно обвинителство ги потврди информациите на…

(Видео) Ќерките на убиената Иранка ја прославиле…

Иранката Мино Маџиди беше убиена во септември…