Вучиќ: Ќе му покажеме на светот како се штитат националните и државните интереси на Србија
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе се бори во Обединетите нации за да ги заштити своите национални интереси и дека на целиот свет ќе му покаже како ги штити своите државни и национални интереси.
„Ни претстои тешко време, но без разлика дали ќе загубиме формално, речиси сум сигурен дека тоа ќе биде со мала разлика и сигурен сум дека ќе му покажеме на светот како се штитат националните и државните интереси на нашата земја. Ви благодарам на сите за вниманието, ви благодарам на сите за љубовта кон Србија“, вели Вучиќ во видеото објавено на социјалните мрежи.
Вучиќ вчера учествуваше на седницата на Советот за безбедност на која беше презентиран шестмесечниот извештај за работата на УНМИК, по што српската делегација приреди прием во ОН, на кој, според Вучиќ, присуствувале 125 гости.
„Среќен сум затоа што се боревме и сакам да им кажам на сите луѓе во Србија дека ветив само едно пред да заминам за Њујорк. А тоа е дека ќе се бориме до последен момент без разлика на сите лични и какви било други ризици. Сакам да им се заблагодарам на сите луѓе кои работеа и ја подготвија седницата на Советот за безбедност, кои ми помогнаа да се спротивставам на нешто што личеше на местенка, на политички театар“, рече Вучиќ.
Тој им се заблагодари на сите луѓе во Србија кои, како што истакна, веруваат во својата земја, кои веруваат во нивното лидерство и кои знаат дека Србија на крајот ќе победи.
Нашата борба никогаш нема да заврши. Ви благодариме луѓе за огромната поддршка и љубов што ја покажуваат кон нашата Србија. Србија ќе победи!“, напиша Вучиќ на социјалните мрежи.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
Србија ослободува 5000 тони дизел од државните…
Србија ќе ослободи околу 5000 тони дизел…
Србија отвори фабрика за израелски дронови, Вучиќ…
Српскиот претседател Александар Вучиќ соопшти дека денеска…