До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е  3,85 отсто

t

До 9 часот излезноста на првиот круг претседателски избори е  3,85 отсто. Гласањето се одвива мирно, без неправилности, соопшти утрово претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Александар Даштевски.

Како што рече Даштевски на првата прес конференција, излезноста е пресметана од податоците пристигнати од 832 избирачки места, каде до 9 часот гласале 15 487 гласачи.

Според него, пријавени се одредени технички проблеми, но тие тековно се решаваат. До ДИК се доставени и 12 приговори за заштита на личното избирачко право, кои се предмет на обработка.

-До 9 часот утрово се пристигнати податоци за гласањето од вкупно 832 избирачки места. Излезноста, според овие податоци, е 3,85 отсто.  Од вкупно 402 748 избирачи на овие избирачки места, гласале 15 487. Досега не се пријавени поголеми неправилности, освен некои технички проблеми кои се решаваат „во од“, рече Даштевски.

Тој потсети дека овој изборен ден го следат 915 домашни и 544 меѓународни набљудувачи, како и 58 странски новинари. Активен е и бесплатниот телефонски број 0800 555 44, на кој заинтересираните граѓани може да постават прашање или да пријават неправилности до ДИК. Во функција е и видео кол линијата 076 488 360 преку која граѓаните со оштетен слух и говор во текот на идниот ден може да постават прашање или да пријават неправилности.

 Даштевски  ја најави слердната прес-конференција на ДИК за 13:30 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ципрас ја промовираше партијата ЕЛАС: „Нова политичка…

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас денеска официјално…

Трамп: Да ги броеше Исус гласовите, ќе…

Американскиот претседник Доналд Трамп денеска даде изјава…

Израел на работ на предвремени избори

Израел се приближува кон предвремени избори откако…

Вучиќ: Не се знае кој ќе биде…

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ се запраша…

Пратеничка удри по британскиот премиер Стармер по…

Британскиот премиер Кир Стармер, кој се опоравува…