МВР: Испукана димна бомба во Скопје, фотографирања на гласачко ливче, во Чаир пронајдени летоци…

t

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информираше за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места.

„Од отворањето на гласање од 7 часот не се забележани поголеми проблеми. Регистрирани се две фотографирања на гласачко ливче во Скопје и Штип. Во радовишко, едно лице го покажало гласачкото ливче на набљудувач. За сите овие настани се преземаат мерки за расчистување.

Во Чаир се забележани летоци врз паркирани автомобили, а се регистрирани и два графити. На едно гласачко место во Скопје, од страна на шеф на избирачки одбор, е пријавено дека е пронајдена испукана димна бомба.

Апелирам до граѓаните во текот на гласањето да се воздржат до инциденти, и ако има увиди за нарушување на изборниот процес, да се пријават во најблиската полициска станица“, рече Ангеловски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ги обвини Иран и Русија дека…

Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…

(Видео) Вартоломеј од Софија повика на мир…

„Во овој момент светот има исклучителна потреба…

На протестите во Франција учествувале околу 480…

На протестите одржани вчера ширум Франција, по…

Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив…

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред…