Џафери – Лапсли: Македонија е ценета членка на Алијансата која посветено ги развива одбранбените капацитети

t

Претседателот на Владата на Република Македонија, Талат Џафери, вчера попладне се сретна со помошникот на генералниот секретар на НАТО за одбранбена политика и планирање, Ангус Лапсли во рамки на неговата посета на Скопје.

Премиерот Џафери му посака срдечно добредојде на помошникот на генералниот секретар Лапсли, и воедно го потврди придонесот на Македонија во НАТО, кој во континуитет се зацврстува. Достигнувањето на 2,05% од БДП во буџетот на одбраната, од кои 30% се за модернизација на Армијата, се силен индикатор за тој придонес.

Воедно, со учеството во колективната безбедност преку мултинационалните сили на Алијансата во Романија, во Бугарија и во Латвија, како и во мисијата на НАТО на Косово, КФОР, и во операцијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, АЛТЕА, земјата дополнително се позиционираше и како еден од столбовите на регионалната стабилност.

На средбата, двете делегации имаа можност да поразговараат за Самитот на НАТО во Вашингтон во духот на 75-годишнината на Алијансата, како и за актуелните одбранбени планови, имајќи ја предвид глобалната безбедносна состојба во Европа и светот.

Воедно, двете делегации ја потврдија и поддршката која земјите-членки, вклучително и Македонија, ја даваат за Украина.

Од страна на помошникот на генералниот секретар Лапсли, беше истакнато дека Македонија е ценета членка во Алијансата, имајќи го предвид целокупниот придонес кој досега го има дадено. Алијансата е по обединета и посилна од кога било во нејзината историја, а со зачленувањето на Финска и Шведска, НАТО станува гарант на безбедноста на над 1 милијарда граѓани од демократскиот свет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Додик: Ситуацијата во Босна и Херцеговина е…

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик денеска…

Сина ајкула тешка 200 килограми уловена во…

Сина ајкула долга повеќе од три метри…

УЖАС: Во Австрија уапсено 14-годишно девојче припадник…

Во австрискиот град Грац денеска е уапсен…

Мицотакис повторно предупредува: Ќе имате проблеми со…

Сакам уште еднаш да упатам предупредувачка порака…

Полска ќе вложи 10 милијарди злоти за…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска најави дека…