Бурен изборен ден во тетовско, инциденти за време и по гласањето

t

Вчера во 22.15 часот во Гостивар, полициските службеници од ОВР-Гостивар го лишиле од слобода Ш.Е.(60) од Гостивар, по претходна пријава дека го фотографирал гласачкото ливче во текот на вчерашното гласање за претседателските избори. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Пред завршувањето на изборниот ден во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ.Ј.(37) од Тетово, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник кој вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Ноќеска пак во 02:20 по полноќ полициски службеници од СВР Тетово на улица ,,Киро Ристоски -Дрнц“ во Тетово го привеле Ѓ.М.(42) од Тетово поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници додека преземале службени дејствија. Тој е задржан во полициска станица Тетово за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Рама ги обвини Иран и Русија дека…

Албанскиот премиер Еди Рама повика на смиреност…

(Видео) Вартоломеј од Софија повика на мир…

„Во овој момент светот има исклучителна потреба…

На протестите во Франција учествувале околу 480…

На протестите одржани вчера ширум Франција, по…

Рама тврди дека неутрализирале дрон со експлозив…

Албанскиот премиер Еди Рама тврди дека пред…