Објавено на:

Грчки воен брод пресретна дронови на Хутите во Црвеното Море, еден е уништен

t

Грчки воен брод во служба на поморската мисија на Европската унија во Црвеното Море пресретна две беспилотни летала лансирани од јеменските милитанти Хути во правец на комерцијален брод, соопштија во четвртокот претставници на грчкото Министерство за одбрана.

„Во четвртокот наутро грчката фрегата Хидра, додека придружуваше трговски брод во Аденскиот залив, собори две беспилотни летала“, изјави претставник за Ројтерс.

„Едниот дрон е уништен, додека другиот се оддалечи“, додаде тој. Друг претставник на одбраната ги потврди деталите за инцидентот.

Грција ја стави на располагање фрегатата на мисијата на ЕУ, наречена Аспидес (Штитови), започната во февруари како помош во заштитата на клучниот поморски трговски пат од нападите со беспилотни летала и ракети на Хутите поддржани од Иран, кои велат дека целат комерцијални бродови како одмазда за израелската војна во Газа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПЕКОЛ: Речиси 50 степени Целзиусови во северна…

Делови од северозападна Индија и денеска погодени…

Трагедија: Едно лице почина, а друго се…

Едно лице почина, а друго се бори…

Фински функционер открива: Какво е расположението за…

Идејата за испраќање трупи за поддршка во…

Ахмети: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ прават сѐ за…

Лидерот на партијата, Али Ахмети вели дека…

Маж ја ранил сопругата, ја убил нејзината…

Две мртви лица се пронајдени во семејна…