2-ГОДИШНО ДЕТЕ МЕЃУ ПОВРЕДЕНИТЕ – Тешка сообраќајка пред наплатната рампа кај Градско
На стариот реконструиран пат Градско-Велес на стотина метри под наплатната рампа кај Градско, синоќа во 22 часот се случи сообраќајна незгода меѓу две возила во која има четворица полесно повредени, подврдија за МИА од полициската екипа на СВР Велес кои направи увид на местото на настанот.
Поради сообраќајката и увидот, беше сопрен сообраќајот по стариот пат Велес-Градско, а на местото на настанот веднаш пристигна и екипа на брза помош од Велес која им укажа итна помош на повредените.
Како што информира за МИА, д-р Надица Мицева од Службата за брза помош од Велес, тие веднаш им укажела помош на повредените кои се однесени во Ургентниот центар на велешката Општа болница. Со полесни повреди се здобиле трочленото семејство во едното возило – млад брачен пар со едно 21 месечно дете. Во другото возило возачот имал лесни повреди во пределот на главата.
Марина Андова од ЈЗУ Општа болница Велес, изјави дека сите четворица повредени околу 23 часот биле донесени во велешката болница и дежурен хирург им направил преглед и констатирал полесни повреди, по што сите биле пуштени на домашно лекување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…
ДУИ: Злоупотреби на средства од буџетот на…
УИ изразува длабока загриженост за најновиот скандал…
(Видео) Крмов: Имаме скржава власт која одвои…
Пратеникот Борислав Крмов од Левица на седницата…