Објавено на:

Макрон: Европа мора да покаже дека не е вазал на САД

t

Европа мора да покаже дека не е вазал на САД и дека знае да разговара со сите други региони во светот, рече Емануел Макрон во вчерашното обраќање на Универзитетот во Сорбона, предупредувајќи дека „Европа денес е смртна и може да умре“, нагласувајќи дека тоа зависи само од „нашите избори“.

„Европа мора да се соочи со предизвиците на променетиот свет и да ја зголеми својата одбрана. Мораме да изградиме стратешки концепт на кредибилна европска одбрана за себе“, рече францускиот претседател.

Сепак, седум години подоцна, по Брегзит, Ковид-19, Украина и војната во Газа, светот изгледа сосема поинаку, со многу поголеми геополитички предизвици и тензии.

Францускиот претседател во вчерашниот говор оцени дека ЕУ не е доволно вооружена за да се справи со глобалните закани како што е руската војна во Украина. Тој го опиша однесувањето на Русија по нејзината инвазија на Украина како „неограничено“ и рече дека веќе не е јасно каде лежат „границите“ на Москва.

Како што рече, не смее да и се дозволи на Русија да победи во Украина. Макрон повика на зајакнување на европскиот капацитет за сајбер безбедност, поблиски одбранбени врски со Велика Британија по Брегзит и создавање на европска академија за обука на висок воен персонал.

„Нема одбрана без одбранбена индустрија… Имаме недоволни инвестиции со децении“, рече тој, додавајќи дека Европејците треба да дадат приоритет на купување на европска воена опрема.

„Како можеме да го изградиме нашиот суверенитет, нашата автономија, ако не преземеме одговорност за развојот на нашата сопствена европска одбранбена индустрија, запраша тој, додавајќи: „Мораме да произведуваме повеќе, мора да произведуваме побрзо и мора да произведуваме како Европејците? “

Некои го гледаа ова како продолжение на француската воена индустрија.

Шефот на Елисеј, исто така, повика на „ревизија“ на трговската политика на ЕУ со цел да се одбранат европските интереси, обвинувајќи ги и Кина и САД дека повеќе не ги почитуваат правилата на глобалната трговија:

„Не може да функционира ако сме единствените во светот кои ги почитуваат трговските правила – како што беа напишани пред 15 години – ако Кинезите и Американците веќе не ги почитуваат со субвенционирање на критичните сектори.

ЕУ, посочи тој, треба да се договори за исклучоците од сопствените правила за конкуренција за да може да ги поддржува фирмите во секторите како што се вештачката интелигенција и зелената енергија бидејќи се соочува со „прекумерни субвенции“ од Соединетите Држави и Кина. На Европа и требаат помалку фрагментирани пазари за енергија, телекомуникациски и финансиски услуги, а исто така мора да ја намали бирократијата, додаде тој.

Францускиот претседател предупреди дека во Европа „нашите вредности и култура се во опасност“, наведувајќи дека медиумските содржини што ги гледаат децата и адолесцентите во Европа се „сè повеќе американски и азиски“, објави „Монд“. „Овие три забелешки за безбедноста, економијата и културата ме наведуваат да кажам дека прашањето за нашиот суверенитет денес е многу поважно отколку порано“, рече Макрон.

Тој додаде дека Брегзит е „експлозија чии негативни ефекти значат дека денес никој не треба да се осмели да предложи напуштање на Европа“. Макрон предупреди дека европската бирократија може да биде „премногу комплицирана“ и дека неодамнешните протести на европските земјоделци и нивниот „гнев не беше против ЕУ, туку против регулативата, сложеноста“.

Тој, исто така, рече дека сака ЕУ да биде „светски лидер до 2030 година“ во пет стратешки сектори: вештачка интелигенција, вселена, биотехнологија, квантни информации и капацитети за обновливи извори и нуклеарна енергија.

Советниците на Макрон го опишаа говорот во четвртокот, како што објави Ројтерс, како придонес на Франција во стратешката агенда на ЕУ за следните пет години. Агендата треба да се реши по европските избори, кога лидерите на ЕУ ќе се пазарат за највисоките позиции во блокот.

Критичарите велат дека говорот на Макрон доаѓа во време кога неговата лична популарност паѓа, при што неговата центристичка партија Ренесанса заостанува многу зад екстремната десница, па дури и социјалистите во анкетите за изборите за Европскиот парламент што треба да се одржат на почетокот на јуни.

На Макрон му преостануваат уште три години од претседателскиот мандат и повеќе нема да може да се кандидира за шеф на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД ќе испратат борбено засилување на Блискиот…

Американската војска ќе распореди дополнителни борбени авиони…

Хантер Бајден ќе ја добие пресудата осум…

Хантер Бајден, синот на американскиот претседател Џо…

САД и Велика Британија ги повикаа нивните…

Амбасадата на САД во Бејрут и британската…

Хрватска набавува најмоќно оружје во својата историја:…

Хрватска го набавува најмоќното оружје што досега…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…