Објавено на:

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

t

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел на регионот Херсон. Александар Осипов и Александар Кајгородцев веќе ги признале злосторствата што ги извршиле во селата Подо-Калиновка и Абрикосовка, пишува рускиот медиум Ура.ру.

Меѓу жртвите се двајца полицајци и началничката на селото, Љубов Тимчак, која ја назначи Русија. Телото на началничката било пронајдено во средата, а на него биле видливи рани од огнено оружје и експлозивни направи.

Полицијата набрзо добила дојава од заменик началникот на округот Алешински за откривање на уште две изгорени и осакатени тела на маж и жена. Безбедносните сили ги уапсиле осомничените истиот ден, а набрзо се испоставило дека станува збор за руските војници Александар Осипов и Александар Кајгородцев.

Тие го признале делото и проговориле за уште две убиства. Врз основа на нивното признание, изгорените тела на уште двајца мажи биле пронајдени во шумскиот предел на излезот од селото Абрикосовка. Осомничените, според некои извори, служеле во 144-та бригада со моторизирана пушка.

Руски Комерсант пишува дека се претпоставува дека тие злосторствата ги извршиле под дејство на алкохол.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калас: Русија денес нема шанси против ЕУ…

Русија годинава издвои повеќе за војската отколку…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

Путин и Трамп разговарале за конфликтот меѓу…

Рускиот претседател Владимир Путин разговарал по телефон…

Лавров разговараше со иранскиот колега: „Израел ја…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Путин: Русија остро ја осудува израелската агресија…

Рускиот претседател Владимир Путин денес телефонски разговараше…