Објавено на:

Mу го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува

t

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи кралското семејство и неговите симпатизери, а 75-годишниот крал продолжува да се бори со еден вид рак за кој не се знае многу, објави Дејли бист.

„Зборував со пријателите на кралот за неговото здравје, а ‘Не е добро’ е нивниот најчест одговор“, објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист.

Имено, близок пријател на монархот тврдел дека Чарлс е „решен да го победи ракот“, додавајќи дека „сите се оптимисти, но нему навистина му е лошо“.

И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба.

Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите.

Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“.

Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс.

Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива.

– Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ПОНИШТЕТЕ ЈА ПРЕСПА“: Лидерот на СИРИЗА упати…

За време на предизборниот митинг во Солун…

Американски разузнавачи тврдат: Русија и Кина подготвуваат…

Американското разузнавање има информации кои укажуваат дека…

Вo среда ќе има прегласување на –…

На 22 мај, среда ќе има прегласување…

,,Во Министерството на Груби нема веќе фудбал,…

Министерството за политички системи ќе биде само…

Таравари: Вреди ќе има претседател на Собранието…

Градоначалникот на Гостивар, кој беше кандидат за…