Објавено на:

Mу го планираат погребот: Здравјето на кралот Чарлс се влошува

t

Здравствената состојба на кралот Чарлс ги загрижи кралското семејство и неговите симпатизери, а 75-годишниот крал продолжува да се бори со еден вид рак за кој не се знае многу, објави Дејли бист.

„Зборував со пријателите на кралот за неговото здравје, а ‘Не е добро’ е нивниот најчест одговор“, објави во четвртокот Том Сајкс од Дејли Бист.

Имено, близок пријател на монархот тврдел дека Чарлс е „решен да го победи ракот“, додавајќи дека „сите се оптимисти, но нему навистина му е лошо“.

И британската кралска новинарка Тина Браун навести за здравствените проблеми на монархот, а неодамна напиша дека ракот на Чарлс ги ставил принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во страшна положба.

Имено, токму кога се надевале дека ќе можат да ги воспитуваат своите деца надвор од очите на јавноста, здравствените компликации на 75-годишниот крал им ги пореметиле плановите.

Сајкс објави и дека во моментов се разгледуваат плановите за погребот на кралот, со кодно име „Операција Менаи Бриџ“.

Дополнително, циркулира посебен документ кој наведува што поминало добро на погребот на кралицата Елизабета и што би можело да се подобри следниот пат кога монархот ќе умре, пишува Пејџ сикс.

Сите извори нагласиле дека плановите за погреб на кралот „постојано се проверуваат и се ажурираат“, а еден поранешен вработен во Палатата призна дека здравствените проблеми на Чарлс ги ставиле неговите планови во поинаква перспектива.

– Плановите активно се ажурираат. Што да очекуваме со оглед на тоа дека на кралот му е дијагностициран рак – рече тој и објасни дека многу очи се вперени во споменатите планови за погреб.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се пресметале при разминување на прошетка –…

Еден затвореник е полесно повреден во пределот…

Mлад скопјанец натепан во автобус во Карпош…

Синоќа во градски автобус на подрачјето на…

Утре гласаат 11.123 болни и немоќни лица…

За вториот круг на претседателските и за…

Фон дер Лајен: ЕУ смета на Кина…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…