Се отповикува небезбеден сладолед на пазарот: АХВ вели да го вратите доколку сте го купиле!

t

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) соопшти дека се отповикува производот сладолед во корнет „SUNDAY  CONES – VANILA & COKOLADA 6X720мл“, со сериски број/лот – TAA4D7.

Датум на производство и рок на употреба на производот е до 09.02.2025.

Причина за отповикување е прикриен вистинскиот рок на употреба со прилепен нов рок на употреба до 09.02.2025 година.

Во информацијата од АХВ стои дека производител на сладоледот е „DELTA ST HRVATSKA“, увозник во Македонија: „ТД ГАЈРЕТ СТРУГА“, како и дистрибутер преку „КИПЕР МАРКЕТИ“.

-Крајните потрошувачи кои ги имаат купено горенаведените производи со сериски брј/лот како погоре наведеното да не ги конзумираат и истите да ги вратат на местото од каде ги купиле или нештетно да ги уништат, порачуваат од АХВ преку соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети 150 килограми месо со изминат рок,…

Агенцијата за храна и ветеринарство заплени 150…

Уништен небезбеден сладолед, парични казни за 45…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Турција ни донира 500.000 дози вакцина против…

Од Република Турција се обезбедени 500.000 дози…

Левица бара оставка од директорот на АХВ…

После информации за квалитетот на млечните производи,…

Директорот на АХВ не сака да ги…

Првиот човек на АХВ, Оливер Миланов, одби…